Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево ќе гостува во Прага, кај Украина, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство. Натпреварот во Прага ќе започне во 15 часот.
Првиот натпревар на овие две репрезентации, одигран на 16 јуни во Скопје заврши со триумф на Украина 2:3. Македонија имаше предност 2:0 и целосна контрола врз играта и резултатот 60 минути. На крајот Украинците успеаја да направат пресврт.
„Очекувам отворен натпревар од двете страни, затоа што и двете селекции само победа ги остава во трката за второто место“, рече меѓудругото на вчерашната прес конференција селекторот Благоја Милевски.
Англија е лидер во Ц-групата со 13 поени пред Италија, Украина и Македонија со седум, Малта е без освоен бод. Напомена Италија има натпревар помалку од конкурентите во групата.
Фото/ ffm.mk