Top Sport

Македонија и Косово ќе играат на 4 јуни

Македонската фудбалска репрезентација натпреварот против Косово од баражите за пласман на ЕУРО 2021 ќе го одигра на 4 јуни 2020 година на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.

Финалниот натпревар ќе се одигра на 9 јуни 2020 година, а домаќин ќе биде подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија, соопшти денеска УЕФА.

Европската куќа на фудбалот, претходно го одложи Европското првенство на една година. Наместо од 12 јуни до 12 јули оваа година, најголемото репрезентативно натпреварување ќе се игра од 11 јуни до 11 јули наредната година.

Scroll to Top