Top Sport

Македонија-Италија, нема голови по првото полувреме

Заврши првото полувреме од квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство меѓу Македонија и Италија. По првиот дел резултатот е 0:0.

Очекувано, новиот селектор на Италија, Лучано Спалети не отстапи од својата филозофија, неговиот тим да биде тој пто ќе ја има топката и ќе го контролира ритамот на натпреварот.

Македонија, од почетокот на натпреварот застана во низок блок, некогаш и со сите играчи зад топката. Шансите Македонија ќе бара во контранападите.

Италија првата закана ја имаше преку Димарко во 13.минута. левиот бек наместо да шутира од 12 метри сакаше да биде несебичен, но не успеа да ја врати топката до Барела.

Во следната минута по првиот корнер, опасно се закани Кристанте, неговиот удар заврши крај голот.

Првата закана Македонија ја имаше во 19.минута. Алиоски истрча во контра, испрати перфектен центаршут на десната статива, Миовски биеше крај голот.

Две минути подоцна Италија ја имаше најдобрата шанса. Од втор план во празно влета Тонали, но неговиот удар заврши во стативата. 60 секунди подоцна Димитриевски брилијантно го одбрани ударот на Кристанте.

Во 38.минута обид на Елмаз од 22 метри, Динарума без проблем ја скроти топката.

Во 41.минута, Алиоски во последен момент го изблокира удатот на Политано.Потоа интервенираше Димитриевски, кој се повреди поради лошата состојба во која се наоѓа теренот на арената „Тодор Проески“.

Фото/gazzetta.it

Scroll to Top