Top Sport

Македонија ќе се најде во четвртиот барабан на ждребот за ЕВРО 2024

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе се најде во четвртиот барабан на ждребот за квалификациските групи за Европското првенство во 2024 година во Германија, закажан за 9 октомври во Франкфурт. Нашиот национален тим остана во четвртата група по рејтинг, откако Грција синоќа успеа да ја победи Северна Ирска со 3:1, а Косово оствари убедлив триумф над Кипар од 5:1.

Според ова, Македонија не може да ја добие за ривал селекцијата на Бугарија, а ќе ги избегне и дуелите со Турција, Грција, Грузија, Казахстан, Азербејџан, Косово и со Фарски Острови, кои исто така се наоѓаат во четвртиот барабан.

Во првиот барабан се: Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија и Полска.

Вториот барабан е исполнет со Франција, Англија, Австрија, Србија, Чешка, Велс, Израел, Босна и Херцеговина, Шкотска и со Финска.

Третиот шешир го сочинуваат: Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Албанија, Црна Гора, Романија, Шведска и Ерменија.

Во четвртиот шешир се: Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови и Македонија.

Петтиот шешир го сочинуваат: Словачка, Северна Ирска, Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија, Молдавија и Малта.

Во последниот шести шешир се Андора, Сан Марино и Лихтенштајн.

Scroll to Top