Top Sport

Фрустрираниот Роналдо повторно ја фрли капитенската лента

Фудбалската репрезентација на Португалија загуби од Шпанија со 1:0 во Брага и пропушти да се пласира на Ф4 во Лигата на нации. На Португалците им беше доволен и бод во Брага за да ја остварат целта, но со голот на Алваро Мората во 88. минута, Шпанија им се приклучи на Хрватска, Холандија и на Италија на завршниот турнир во јуни 2023 година.

Тоа беше уште една фрустрирачка вечер за Кристијано Роналдо, кој пропушти неколку добри шанси.

На крајот од натпреварот Роналдо повторно ја фрли капитенската лента на Португалија. Тоа предизвика голема бура во јавноста, со оглед дека го направи истото и во март 2021 година на ремито во Белград меѓу Србија и Португалија (2:2) во квалификациите за ЕП.

Scroll to Top