Top Sport

Македонија може да ја добие екс-Југославија како пречка за ЕП 2020!

Иако најголемата шанса за Македонија за пласман на Европското првенство во фудбал во 2020 година ќе биде преку баражот на Лигата на нации против Косово, утре во Даблин, селекцијата на Игор Ангеловски ќе го дознае и потешкиот пат до Евро 2020 – преку групното натпреварување.

Македонија се наоѓа во петтиот шешир во ждрепката, така што ќе добие посилни противници, а прегледот на шеширите дава можност за супер-интересна група, што медиумите од регионот веќе ја нарекоа „група Југославија“ – Хрватска (прв шешир), Босна и Херцеговина (втор шешир), Србија (трет шешир) и Словенија или Црна Гора (четврт шешир)!

Останува да се види дали оваа група е можна во реалноста.

Scroll to Top