Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1:1 против Финска на пријателскиот натпревар во Скопје. Селекторот Благоја Милевски имаше можност да ја провери формата на фудбалеритре и евидентно е дека треба подобрување во повеќе сегменти. Одбраната делуваше бавно, а нападот не реализира и покрај неколку одлични шанси што ги создаде средниот ред.
Можност за поправен има веќе за три дена, на следниот пријателски натпревар против Азербејџан.
Фото: Игор Паневски