Top Sport

Бруно и Португалците и без Роналдо без мака против Нигерија

Португалија, предводена од Бруно Фернандеш, стигна до убедлива 4:0 победа над Нигерија во последниот подготвителен меч пред стартот на Светското првенство, во меч кој Кристијано Роналдо, кој е на насловните страници во Англија по контроверзното интервју со Пирс Морган, го прескокна поради стомачен вирус.

Фернандеш го отвори резултатот уште во деветтата минута на „Жоао Алвaладе“ во Лисабон, претходно негов домашен стадион со Спортинг Лисабон, по фантастичната асистенција на соиграчот од Јунајтед, Диого Далот. Во 35. минута водството беше удвоено, откако Фернандеш стрелаше од белата точка.

Победата на Португалците беше потврдена во финишот на мечот – Гонсало Рамос во 82. минута и Жоао Марио во 84. минута стрелаа за високи 4:0.

Португалците се во групата Х на СП со Гана, Уругвај и Јужна Кореја, а го отвараат првенството со меч против Гана на 24 ноември.

Scroll to Top