ФИФА ја објави најновата ранг-листа. На неа Македонија забележа пад од едно место. Во изминатиот период, фудбалската репрезентација на Македонија, забележа порази од Грузија и Бугарија во Лигата на нации.
Македонија на најновата ранг-листа се наоѓа на 65.место, што претставува пад за една позиција во однос на претходното рангирање.
На врвот на листата, меѓу најдобрите десет, има само една промена. Позициите шест и седум ги заменија Италија и Шпанија.
Листата ја предводи Бразил, следуваат Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.