Поразите во квалификациите за ЕУРО 2020 предизвикаа пад од пет места на македонската фудбалска репрезентација на ранг-листата на ФИФА.
Светската фудбалска федерација, во петокот, ја објави најнвата листа на која Македонија се наоѓа на 73 место. Минатата недела Македонија, во Скопје, забележа порази од Полска (0:1) и Австрија (1:4).
Од нашата квалификациска група голем „скок“ направија Австријците од дури осум места, а најдобар ранкинг има Полска 19 место, следуваат: Австрија (26), Словенија (65), Израел (82), Латвија (137).
Во Топ 10 нема промени меѓу најдобрите пет селекции, додека од шестото до десеттото место репрезентациите ги менуваа местата.
Топ 10: Белгија, Франција, Бразил, Англија, Португалија, Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија, Данска.