Top Sport

Македонија од третиот шешир ќе гии чека ривалите за пласман на СП 2026

Фото/ ffm.mk

Репрезентацијата на Македонија во декември, по завршувањето на новиот циклус во Лигата на нации, ќе ги дознае ривалите во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

И покрај тоа што се уште не е познато како ќе изгледаат „шеширите“, јасно е дека Македонија ќе има тешка задача.

Само првопласираната селекција ќе добие директна виза за турнирот во САД, Мексико и Канада, додека второпласираната ќе влезе во плејофот заедно со четирите најдобри селекции од Лигата на нации.

Во европските квалификации ќе има 12 групи кои ќе бидат составени од пет или четири селекции. Групите со пет селекции квалификациите ќе ги започнат во март наредната година, додека во септември 20205 година ќе започнат натпреварите во групите составени од четири селекции.

Според сегашната состојба на ФИФА листата, Македонија во декември кога ќе се изврши жрепката ќе биде во третиот „шешир“ то значи дека неможе да биде во иста група со Шкотска, Република Ирска, Словенија, Финска, Албанија, Грузија, Исланд, Црна Гора, Северна Ирска, Босна и Херцеговина и Израел.

Во првиот „шешир“ треба да бидат: Шпанија, Франција, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска и Австрија.

Scroll to Top