Top Sport

Македонија остана 68. на ФИФА листата, Белгија е лидер

Победата над Лихтенштајн и поразот од Ерменија ја оставија македонската фудбалска репрезентација на 68.место на ранг-листата на ФИФА. Светската фудбалска федерација, денес, го објави најновото рангирање, на кое Македонија има 1338 бода.

Инаку и покрај катастрофалниот пораз во Ереван, од Ерменија (4:0), Македонија има најдобар рејтинг од противниците во групата, во Лигата на Нации.

Ерменците не ја материјализираа победата над Македонија, бидејќи претходно доживеаја сензационален пораз од Гибралтар. Ерменија се наоѓа на 101. место, Лихтенштајн е на 182., а Гибралтар, по триумфот над Ерменија, напредуваше за осум позиции и се наоѓа на 190.место.

На врвот, во пласманот на најдобрите има две промени. Прв пат во историјата број 1 е Белгија, а во Топ 5 влезе Англија, додека место подолу падна Уругвај.

Белгија има 1733 бода, еден повеќе од Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија, Данска.

фото: ffm.mk

Scroll to Top