Top Sport

Македонија остана на 62 место на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација во пресрет на ЕУРО 2020 ја задржа 62.позиција на ФИФА листата. Македонија е најлошо рангирана репрезентација од сите кои ќе бидат дел од континенталниот шампионат.

Од противниците со кои Македонија ќе се соочи на ЕУРО 2020, најдобар рејтинг кај ФИФА има Холандија (16 место). Првиот противник на Македонија на првенството, Австрија се наоѓа на 23, а Украина на 24.место.

Кога станува збор за репрезентациите со кои Македонија игра квалификации за пласман на Светското првенство во Катар, најдобар рејтинг има Германија (12 место), следуваат Романија (43), Исланд (52), Ерменија (90), Лихтенштајн (186).

На врвот на ФИФА листата се наоѓа Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај, Данска.

Scroll to Top