Top Sport

Македонија падна три позиции на ранкингот на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија залежа пад од три позиции на најновото рангирање на ФИФА-листата. По двата порази во квалификациите, од Украина (2:3) и од Англија (7:0), ова беше и очекуван развој на настаните. Сега Македонија се наоѓа на 68. место.

Посебно одекна дебаклот што и се случи на Македонија на „Олд Трафорд“.

Светскиот првак Аргентина е на врвот, потоа следат селекциите на Франција и на Бразил, а четвртопласирана е Англија, која го зазеде местото на Белгија.

Во Топ 10 се и селекциите на Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и на Шпанија.

Scroll to Top