Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Малта со 2:1 на арената „Тодор Проески“ и со успех тргна во новите квалификации за пласман на ЕВРО 2024.
Првото полувреме не беше на потребното ниво, но во вториот дел Македонија сепак успеа да го скрши отпорот на гостите.
Елиф Елмас во 66.минута донесе водство откако упати силен удар од 15 метри, по асистенцијата на Бојан Миовски со глава.
Дарко Чурлинов шест минути подоцна имаше успешен соло пробив по десната страна, упати удар со левата нога во поблискиот агол и зголеми на 2:0.
Јаник Јанкам во 86.минута постигна погодок за 2:1, но тоа беше и конечен резултат.
Енис Барди во 90.минута ја погоди гредата од слободен удар, а во судиското продолжение селекторот Благоја Милевски доби црвен картон.