Top Sport

Македонија со сигурни 45 минути за 3:1 водство против Лихтенштајн (видео)

Македонија е на чекор од обезбедувањето на првото место во својата група во Лигата на нации, откако по првите 45 минути во Скопје, води со 3:1 против Лихтенштајн по шокантниот пораз на Ерменија дома од Гибралтар.

Голгетерот на Палермо, Александар Трајковски постигна два гола во првите половина час игра, за капитенот Горан Пандев да зголеми на 3:0 во 36. минута, пред гостите да постигнат гол за 3:1.

Фото: ЕПА

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');