Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за почетокот на новото издание на Лига на нации. Првиот натпревар, Македонија ќе го одифра во Бугарија во Разград на 2.јуни.
На попладневниот тренинг на репрезентативниот тим се приклучија Енис Барди, Столе Димитриевски, Елиф Елмас и Дарко Велковски.
Дефанзивниот фудбалер, Никола Серафимов смета дека доколку сите го дадат својот максимум, јунскиот циклус, во кој Македонија ќе одигра четири натпревари, ќе го отвориме со победа.
„Пред сѐ очекувам новото издание од Лига на нации да го започнеме со добра игра против Бугарија. Противникот е квалитетен, но ако одиграме како што знаеме и умееме и го дадеме најдоброто од нас, мислам дека ќе ги освоиме бодовите. Секогаш очекуваме и се надеваме дека ќе добиеме шанса за настап. Наше е да бидеме максимално подготвени и мотивирани и на најдобар можен начин да ја искористиме шансата ако ни се укаже“, вњли Серафимов.
Давид Бабунски смета дека Македонија со резултатите што ги постигна во изминатиот период заслужува, но и треба да покаже на теренот дека е фаворит во групата со Бугарија, Грузија и Гибралтар.