Top Sport

Македонија утре ќе ги добие противниците во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре ќе ги добие противниците за новата сезона во Лигата на нации.

Во третата сезона, Македонија, ќе се натпреварува во Ц-дивизијата. Македонија се наоѓа во вториот шешир, заедно со Грција, Белорусија и Луксмебург.

Носители на ждрепката во оваа дивизија се: Турција, Словачка, Бугарија и Северна Ирска.

Натпреварите ќе се играат во јуни и септември наредната година. Првото и второто коло на програмата ќе бидат од 2. до 8.јуни, третото и четвртото од 8. до 14.јуни, а последните две кола ќе се одиграат од 22. до 27.септември.

Првото место во групата носи пласман во Б-дивизијата.

Завршниот турнир на четири најдобри репрезентации од А-дивизијата ќе се одржи во јуни 2023 година.

Фото/ffm.mk

Scroll to Top