Полека станува јасно кои репрезентации од Европа ќе играат на Светското првенство, а кое своето место меѓу 48-те репрезентации ќе го бараат преку дополнителните квалификации.
Во плејофот, во Европа, ќе учествуваат 16, а само четири од нив ќе се пласираат на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Каков е системот за дополнителните европски квалификации?
12 второпласирани репрезентации од квалификациите и уште четири од Лигата на нации одат во европскиот плејоф.
Тие ќе бидат поделени на четири турнири, а победникот од секој ќе се пласира на Светското првенство.
Ждрепката за дополнителните квалификации ќе се одржи во четврток, 20 ноември, а репрезентациите, според рејтингот ќе бидат поделени во четири групи.
Репрезентациите од првиот шешир ќе бидат домаќини на репрезентациите од четвртиот, а репрезентациите од вториот ќе бидат домаќини на репрезентациите од третиот шешир.
Победниците од тие натпревари ќе се сретнат во финалето на квалификацискиот турнир, чиј домаќин ќе биде одреден со ждрепка.
Според моменталната ситуација, вака изгледаат шеширите за ждрепката.
Прв: Италија, Турција, Украина, Полска
Двтор: Велс, Словачка, Шкотска, Чешка
Трет: Република Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово
Четврти: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска.
Важно е да се напомене дека доколку Македонија го освои второто место во групата, односно доколку утре не загуби во Велс, тогаш за дополнителните квалификации противникот ќе го чека од третиот, а не од четвртиот шешир.
Foto/ ffm.mk
