Top Sport

Македонија во Риека против Хрватска – Далиќ ќе настапи со комбиниран состав

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Риека, ќе одигра контролен натпревар со репрезентацијата на Хрватска. Овој натпреар за Македонија е подготвителен за она што ја очекува репрезентацијата во септември, додека за Хрватска е дел од подготовките за Европското првенство.

Македонија на овој и слдниот меч со Чешка ќе биде без капитенот Енис Барди. Играчот на Трабзон се повреди во последниот натпревар за својот тим.

„Очекувам добар натпревар. Играме меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме. Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина. Се наоѓаме на крајот на сезоната, но она што го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум. Кога играте за својата држава, мора да сте на повеќе од максимумот, така ќе биде и секогаш. Императив е да видиме до каде сме, во која насока и што треба да поправиме пред септемвриксиот циклус“, рече селекторот Благоја Милевски.

Неговиот колега Златко Далиќ, според хрватските медиуми, против Македонија ќе користи 17 фудбалери. Предност ќе добијат оние кои се појавија на подготвките од првиот ден. „Индекс“ пишува дека мечот со Македонија ќе го започне со играчи кои никогаш не играле заедно, во формација 4-2-3-1.

Тимот на Хрватска: Ливаковиќ – Јурановиќ, Ерлиќ, Вида, Соса – Ковачиќ, Мајер – Крамариќ, Батурина, Перишиќ – Петковиќ.

Натпреварот во Риека ќе започне во 19 часот.

Scroll to Top