Top Sport

Македонската врска спречи пораз на Палермо (Видео)

Александар Трајковски го спаси од пораз тимот на Палермо во Ливорно. Македонскиот репрезентативец постигна гол во последната минута од натпреварот. Првиот гол за екипата од Сицилија на овој меч го постигна Илија Несторовски.

Палермо пропушти шанса да се израмни со Лече на втората позиција на табелата во Серија Б и да си ги зголеми шансите за директен пласман во Серија А.

Во Ливорно првиот гол на натпреварот го постигна Несторовски од пенал во 41 минута. Домашниот тим пресврт направи во завршната четвртина од мечот со головите на Дијаманти и Раичевиќ во 74 и 83 минута.

Пораз на Палермо спречи Трајковски кој постигна гол во 90 минута.

Scroll to Top