Тимовите во кои настапуваат македонски фудбалери вечерва немаа среча во реавнш дуелите од третото квалификациско коло на Лигата на Европа.
Малатијаспор каде настапува Адис Јаховиќ забележа пирова победа против белградски Партизан од 1-0. Стрелец на единствениот гол беше токму Јаховиќ, но српскиот клуб оди во плеј-офот поради победата од 3-1 на првиот меч.
Неуспех доживеа и кипарски АЕК Ларнака каде настапуваат Иван Тричковски и Даниел Мојсов. АЕК беше елиминиран од ЛЕ по поразот од 3-0 вечерва во Белгија, кај Гент. Првиот меч на Кипар заврши 1-1.
Елиминиран од натпреварувањето е и Крсте Велкоски со неговиот Сараево, откако вечерва одиграа само 0-0 кај БАТЕ Борисов. Белорускиот тим оди во следна фаза поради победата од првиот меч во БиХ со 2-1.
Вечерва се одиграа вкупно 30 реванш натпревари во кои со мали исклучоци на сите пласман во плеј-офот обезбедија фаворизираните екипи.
Изненадување можа да се рече дека е победата на хрватска Риека нагости во Шкотска кај Абердин со 2-0. Со истиот резултат Хрватите славеа и на домашен терен.