Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале на мастерсот во Синсинати откако ноќеска славеше победа со 2-0 (6-3 и 6-4) над шпанскиот тенисер, Пабло Карењо-Буста. Српскиот ас за 91 минута го прескокна 53. светски тенисер според АТП

Ѓоковиќ повеќе проблеми со Шпанецот имаше во вториот сет откако првиот го реши во своја полза за 32 минути. Карењо-Буста не ги искристи своите можности за брејк на сервисот н противникот, па Ѓоковиќ рутинирано стигна до нова победа.

Во борбата за влез во полуфиналето српскиот тенисер ќе игра против Лука Пуј од Франција кој е 31. на АТП.

Во останатите три двојки во четвртфиналето се среќаваат Рубљов-Медведев, Баутиста Агут-Гаске и Нишиока-Гофан.