Топспорт во Манчестер,
Македонските фанови го окупираа и Манчестер. Повеќе од 600 Македонци од сите страни на светот дојдоа да ја бодрат фудбалската репрезентација на Македонија на вечерашниот натпревар против Англија, во квалификациите за ЕВРО 2024. Ечи во центарот, на „Пикадили стрит“ – „Само една има вистина, има една Македонија“. Се разбира, испратено со традионалното македонско оро.
Атмосферата е фантастична, а англиските фанови засега се мирољубиви со гостите од Македонија.
Фото: Игор Паневски