Холандскиот судија Дени Макели ја доби честа да биде делител на правдата на финалето на Лига Европа помеѓу Интер и Севилја во петок, откако претходно беше „отстранет“ од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Лион по барање на францускиот клуб.
На мечот во Келн (21.00 часот), на Макели ќе му помагаат сонародниците Дикс и Стегстра, додека за ВАР системот ќе биде одговорен трет Холанѓанец, Кампхујс.
Лион бизарно побара Макели да биде отстранет од нивниот меч бидејќи е Холанѓанец – доколку Манчестер сити ги победеше Лион, Ајакс директно влегуваше во Лигата на шампионите, и францускиот клуб сметаше дека тоа го прави пристрасен.
Лион ќе протестираат за доделениот судија против Сити поради Ајакс?