Top Sport

Лион ќе протестираат за доделениот судија против Сити поради Ајакс?

Пресметката од четврт-финалето на Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Лион предизвикува контроверзи и пред стартот, откако француските медиуми тврдат дека францускиот тим ќе протестира за изборот на холандскиот судија Дани Макели, бидејќи тој меч ќе влијае на Ајакс следната сезона.

37-годишниот Макели, поранешен холандски полицаец, беше ВАР судија на Светското првенство во 2018 година и околу неговата стручност и интегритет нема сомнежи.

Сепак, ако Манчестер сити победи, Ајакс директно ќе се квалификува во Лигата на шампионите, додека доколу Лион победи, Ајакс ќе мора да игра бараж.

Поранешниот холандски судија Дик Јол, кој беше судија на финалето на ЛШ во 2001 помеѓу Баерн Минхен и Валенсија, смета дека УЕФА намерно го поставила Макели за да се зголеми притисокот.

„УЕФА требаше да го заштити Дени. Дали можете да ги замислите француските весници и нивните критики и пред стартот на мечот. Финансиски многу работи се важни во мечот и Макели е неправедно поставен во ваква ситуација“, вели Јол за „Де Телеграф“.

Ако Лион реши да се пожали, најверојатно судијата ќе биде сменет, што нема да биде првпат за еден холандски судија. Финалето на ЛШ во 1994 година помеѓу Милан и Барселона прво требаше да го суди Холанѓанецот Џон Бланкенстајн, но беше заменет со Англичанецот Филип Дон, откако Милан протестираа сметајќи дека Холанѓанецот ќе биде пристрасен кон тренерот на Барса, Јохан Кројф.

Scroll to Top