Top Sport

Макрон и Грабар-Китаровиќ на трибините, но и Јусеин Болт

Пред најголемиот меч на Мундијалот во Русија, на „Лужники“ во недела ќе бидат присутни и шефовите на двете земји – францускиот претседател Емануел Макрон, како и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Иако засега не се знае кои други големи имиња ќе бидат присутни на мечот Франција-Хрватска, тоа засега го потврдија и претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах, како и пензионираниот најбрз човек на светот, Јамајчанецот Јусеин Болт.

Russia Wi A Go!!! @ricardobibigardner #NJ #WorldCupFinals??????

A post shared by Usain St.Leo Bolt (@usainbolt) on

Маркон заедно со сопругата Брижит Макрон ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин пред мечот на „Лужники“ каде што ќе се надева дека на неговата репрезентација ќе им донесе среќа во првото големо финале од 2006 година. Макрон веќе беше присутен на полуфиналето против Белгија во Санкт Петербург.

Грабар-Китаровиќ, која стана интернет-хит со својата прослава на победата над Англија, претходно на самитот на НАТО се појави со „патриотски“ шал и најави дека Хрватска ќе биде шампион.

Покрај нив, на мечот се очекуваат 14 шефови на држави.

„Танцот“ на хрватската претседателка стана хит на Интернет (видео)

Scroll to Top