Поранешниот напаѓач на Милан, Макси Лопез е дел од конзорциумот кој се обидува да го купи англискиот второлигаш Бирмингем сити, тврди аргентинскиот „ТуС спорт“.
Лопез неодамна стави точка на кариерата на 38 години, откако минатата сезона играше во италијанската Серија Ц со Самбенедетезе. Според аргентинските извори Лопез е дел од групата на инвеститори предводени од бизнисменот Кристијан Кодома кој преговара за откупување на второлигашот.
Сегашниот сопственик на тимот е Пол Сумен преку неговата „Бирмингем спортс холдинг“ и цената за откупување на клубот би била „минимални“ 50 милиони евра.
Лопез поголемиот дел од кариерата ја помина во Италија, каде што играше за Катанија, Милан, Сампдорија, Киево, Торино, Удинезе и Кротоне, а познат е и како поранешен сопруг на Ванда Нара, која го остави за неговиот тогашен соиграч во Сампдорија, Мауро Икарди.