Младиот играч на Језеро, Мирза Ѓурѓевиќ (21) почина од тешките повреди кои ги заработил во инцидентот во четвртокот.
Ѓурѓевиќ, како што пишуваа црногорските медиуми, починал во болница, како последица од тешките повреди на главата. Докторите повеќе од 24 часа се бореле да му го спасат животот.
Ѓурѓевиќ важеше за еден од најголемите таленти на црногорскиот фудбал. Одиграл 63 натпревари во Првата лига на Црна Гора.