Top Sport

Малдини до Кеси: Заминувај, ти не си Франк Рајкард

Преговорите помеѓу челниците на Милан и Фран Кеси се во ќор сокак, јавија италијанските медиуми. Двете страни не можеат да се договорот околу финансискиот дел, односно Милан нема намера да ги исполни барањата на фудбалерoт и неговиот менаџер.

Франк Кеси има договор со Милан до крајот на сезоната. како сега стојат работите тој како слободен играч ќе го напушти „Сан Сиро“. Спортскиот директор на милан, Паоло Малдини, неколку пати ја зголемувал понудата, на крајот решил да се откаже.

Кеси и неговиот менаџер не попуштаат, бараат плата од 10.000.000 евра по сезона.

Малдини се најде во иста ситуација во каkва беше кога преговараше со голманот Џиџи Донарума. Тогаш тој изјави дека клубот никој не може да го уценува. Донарума на крајот си замина, а истото ќе го направи и Кеси.

Новинарот, Франко Ордине, кој има добри врски во клубот, тој работи за клупската телевизија за Медијасет на Силвио Берлускони, тврди дека клубот на Кеси му порачал дека тој не е Франк Рајкард за да може да поставува такви услови и дека слободно може да си оди.

Scroll to Top