Top Sport

Малдини повеќе нема коронавирус

Легендарниот италијански фудбалер Паоло Малдини се оправил од коронавирусот. Тој објави дека се чувствува добро. Инако со корнавирусот беше заразен и неговиот син Даниел, кој исто така повеќе ги немал симптомите на опасниот вирус.

Италијанските медиуми пишуваат дека Малдини се вратил на своето работно место во фудбалскиот клуб Милан.

Непознато е само до кога тој ќе ја обавува функцијата. Се шепкулира дека американските сопственици ќе му врачат отказ, бидејќи биле незадоволни од неговата работа. Претходно тие го отпуштија спортскиот директор Звонимир Бобан.

Малдини во кариерата одиграл 647 натпревари за Милан.

Scroll to Top