Паоло Малдини вели дека Милан има „најдобри перформанси во последните пет години“ при 4:2 поразот од Интер во градското дерби, и во исто време ги демантираше шпекулациите дека првиот човек на Ред бул Лајпциг, Ралф Рангник е следниот тренер на „росонерите“ бидејќи тој нема „вистински профил“ за клубот.
„Росонерите“ останаа разочарани откако пропуштија 2:0 предност ов дербито со Интер, но Малдини се обиде да гледа позитивно на работите.
„Ако го анализираме натпреварот, имавме фантастично прво полувреме, според мене, најдобро во последните пет години. Да, има проблеми, но работиме на нив. Немаме совршен тим и постојано се обидуваме да го подобриме и да ги поправиме грешките. Ибрахимовиќ продолжува да ме изненадува, не само поради тоа што е голем човек, туку со неговата физичка подготвеност. Два месеци без конкурентен меч и тој беше подготвен за акција“, вели Малдини во интервју за „Скај спорт Италија“.
Тој одговори на постојаните извештаи во Италија и Германија дека Милан сакаат да го донесат Рангник на лето во улога на тренер и спортски директор на клубот, во улога каква што порано имаа менаџерите во англиските клубови.
„Секако, го прочитав тоа. Искрено, како спортски директор, со целосна почит кон човекот, не верувам дека тој има вистински профил за клуб како нашиот. Ние сме задоволни со работата на Стефано Пиоли и останува така“, додава Малдини.