Top Sport

„Лудакот“ Биелса по секој пораз лежи гол пола час?

Марсело Биелса е еден од најценетите тактичари во светот на фудбалот, но секогаш повеќе се гледа на неговата „луда“ страна и екцентрично однесување. Според двајца фудбалери кои играле под негово водство, тој има навика да се соблекува гол кога неговиот тим ќе загуби.

Аргентинецот, кој Пеп Гвардиола го смета за свој тренерски „идол“, неодамна ги „забавува“ англиските фудбалски фанови како тренер на Лидс, со кој лани имаше долга прес-конференција на која ги објаснуваше своите тактики.

Според Марк Гонзалез и Хозе Педро Фуензалида, кои играа под него кога тојбеше селектор на Чиле, Биелса се соблекол гол и лежел половина час по поразот од Еквадор.

„Биелса влезе во соблекувалната. Беше многу лут, одеше наваму-натаму и не зборуваше со никого. Отиде во соседната соблекувална, а кога го побаравме, тој беше целосно гол и лежеше на маса како човек кој чека да му направи операција. Беше таму најмалку 30 минути“, вели Гонзалез.

Тоа не бил единствен случај, откако Фуензалида се потсети дека тој го направил истото во лутина по поразот од Италија.

„Мене тоа ми се случи неколку пати. Загубивме од Италија 1:0, во меч во кој тој се расправаше со нивниот тренер. Влезе лут во соблекувалната и одеше и се соблекуваше“, вели Фуензалида.

Лидс оваа сезона се на второто место во Чемпионшип со 56 поени, три зад лидерот Вест Бромвич Албион.

„Лудакот“ Биелса призна: Ги шпиунирав сите тимови во Чемпионшип! (видео)

Биелса на прославата на 100-годишнината на Лидс дојде во тренерки!

Биелса дефинитивно е „луд“ човек (видео)

Scroll to Top