Судбината на шведскиот фудбалер со балкански корени, Златан Ибрахимовиќ е тема на бројни медиуми ширум светот.
Голгетерот најверојатно ќе ја напушти МЛС лигата, па голема е веројатноста да се врати во Европа во некој од клубовите во кои настапувал.
Директорот на Милан, Паоло Малдини посакува вакво сценарио, а со својата изјава се чини сакаше го испровоцира Ибрахимовиќ.
„Враќањето на Ибрахимовиќ за нас би било сон, но сепак мислам дека тој нема да биде така доминантен како некогаш. Се сеќавам дека Анчелоти ме испрати на клупа на едно дерби и тогаш сфатив дека сум блиску до крајот. Не знам дали и Ибра би прифатил такво нешто“ – истакна Малдини.
Шведскиот интернационалец пред неколку дена за „Газета дело Спорт“ изјави дека е подготвен да постигне 20 гола во Серија А. Се појавија шпекулации дека Наполи е силно заинтересиран за неговите услуги, па наводно веќе му била испратена и понуда.