Top Sport

Квалификации за Ф1 трката во Мексико – Ферстапен, Фетел па Леклер!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен беше најбрз на денешните квалификации за Ф1 трката за Големата награда на Мексико што е на програмата утревечер по средноевропско време.

Зад Ферстапен со најдобри времиња квалификациите ги заврши двоецот на Ферари, Себастијан Фетел – Шарл Леклер, додека на утрешната трка од вториот ред ќе стартува и актуелниот шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Малку недостасуваше квалификациите да донесат последици за вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, кој во последниот свиок остана без тркалото на болидот, па удри во заштитниот ѕид на патеката.

Ботас неповреден ги заврши квалификациите. Тој утре ќе стартува од шестата позиција. Пред него, како петти ќе стартува Албон.

Од седмата до десеттата позиција се пласираа Саинц, Норис, Квајт и Гасли.

Scroll to Top