Top Sport

Мален и Ројс ја доближија Борусија до лидерот Баерн

Борусија Дортмунд го искористи киксот на Баерн Минхен и му се доближи на лидерот на само бод негатива. „Милионерите“, се мачеа но успеаја да го победата Штутгарт. Победи во ова коло забележаа Баер Левекузен, Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах, додека Волфсбург за 60 секунди од 2:0 успеа да освои бод против Арминија.

Борусија Дортмунд без Ерлинг Халанд, успеа да слави 2:1 против Штутгарт. Мален го постигна првиот гол во 56.минута. За Холанѓанецот ова беше деби гол во Бундес лигата. Седум минути подцна израмни Масимо. Конечните 2:1 ги постави капитенот Тојс во 85.минута.

Хофенхајм во интересен славеше победа над Лајпциг. По еден гол во секое полувреме, преку Самасеку и Дабур, постигнаа домашните фудбалери.

Баер Леверкузен со голот на Адли на самиот почетокот од натпреварот го победи Бохум со 1:0. Волфсбург ремизираше кај Арминија 2:2, а Менхенгладбах го декласира „фенерџијата“ Гројтер Фирт со 4:0.

Scroll to Top