Top Sport

Малер за Челси – Фофана ги скина лигаментите на коленото

Челси потврдија дека нивниот дефанзивец Весли Фофана го очекува долга пауза поради операцијата на вкрстените лигаменти во коленото.

„22-годишниот Фофана не отпатува во Америка за турнејата пред новата сезона, откако тестовите покажаа дека мора да оди на операција. Тој ќе почне со рехабилитацијата со медицинскиот тим“, објавија од Челси.

Фофана пристигна на „Стемфорд Бриџ“ минатото лето и имаше разочарувачка сезона со само 15 настапи по серија повреди и слаба форма. Тој претходно ја пропушти сезоната 2021/22 како играч на Лестер поради скршена нога. По оваа повреда, Челси или ќе биде на пазарот за нов централен дефанзивец ова лето, или ќе го промовираат Ливај Колвил во првиот тим.

Scroll to Top