Top Sport

Малиновски со два гола и порака „Не за војна во Украина“, Динамо не успеа против Севилја

Динамо Загреб не успеа да ја надополни негативата од 1:3 против шпанскиот гигант Севилја, откако 1:0 победата на „Максимир“ не им беше доволна за пласман во осминафиналето на Лига Европа. Аталанта го победи Олимпијакос повторно на гости за пласман, исто како и РБ Лајпциг на гостувањето кај Реал Сосиедад, но Лацио испадна по 2:2 домашното реми со Порто.

Мислав Оршиќ во 65. минута од мечот на „Максимир“ го постигна единствениот гол на мечот за 1:0 победа за простување од европа на хрватскиот шампион.

На „Олимпико“, Лацио започна одлично со голот на Чиро Имобиле во 19. минута, но Порто одговори во 31. минута со гол од пенал на Тареми, пред Матеус Урибе во 68. минута да обезбеди водство за Порто. Данило Каталди постигна убав гол во 95. минута, но беше предоцна за целосен камбек.

Руслан Малиновски постигна два гола за да ги предводи Аталанта до 3:0 победа на гости кај Олимпијакос, по што под својот дрес покажа порака за мир во Украина, додека РБ Лајпциг направи мал подвиг триумфирајќи со 3:1 кај Сосиедад со головите на Орбан, Андре Силва и Форсберг.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Динамо Загреб – Севилја 1:0, прв меч 1:3, вкупно 2:3

Лацио – Порто 2:2, прв меч 1:2, вкупно 3:4

Олимпијакос – Аталанта 0:3, прв меч 1:2, вкупно 1:5

Реал Сосиедад – РБ Лајпциг 1:3, прв меч 2:2, вкупно 3:5

Реал Бетис – Зенит Санкт Петерсбург 21.00 ч, прв меч 3:2

Брага – Шериф Тираспол 21.00 ч, прв меч 0:2

Наполи – Барселона 21.00 ч, прв меч 1:1

Ренџерс – Борусија Дортмунд 21.00 ч, прв меч 4:2

Scroll to Top