Top Sport

Малиот Чоло се пресели во Наполи

Аргентинскиот напаѓач Џовани Симеоне и официјално пристигна на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Симеоне во Неапол доаѓа на едногодишна позајмица вредна 3.500.000 евра, со опција Наполи да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната за 12.000.000 евра.

Така брилијантниот Виктор Осимен доби одличен партнер во врвот на нападот, Симеоне блескаше минатата сезона и постигна 17 гола во Серија А за Верона.

Наполи го доведе синот на тренерот на Атлетико Мадрид Диего како замена за Белгиецот Дрис Мертенс кој како слободен играч замина во Галатасарај во Турција.

По официјализирањето на соработката со Симеоне во Неапол, очекуваат уште три големи засилувања со кои клубот ќе стави точка на преодниот рок.

Во наредните 48 часа, клубот ќе го засилат Џакомо Распадори и Танги Ндомбеле, а покрај овие двајца, Наполитанците се надеваат и на голманот на ПСЖ Кејлор Навас.

Преговорите околу трансферот на голманот од Костарика се во тек.

Scroll to Top