Основачот и главниот директор на познатата интернет страница „Трансфермарк“ Матијас Зајдел смета дека откако ќе заврши кризата што ја предизвика пандемијата со вирусот КОВИД-19 нема повеќе да има трансфери од 100 милиони евра и дека разликата помеѓу богатите и сиромашните ќе се зголеми.
„Малите“ клубови егзистираат од продажбата на фудбалери, сега или нема да ги продаваат или ќе ги продаваат за помала цена него што тоа беше случај пред неколку месеци.
„Многу клубови калкулираа со заработката од трансферите, а сега со оглед на ситуацијата нема да ги добијат парите што би ги добиле за своите ѕвезди пред два месеци. Од друга страна тие ќе мора да продаваат и за помала сума бидејќи очајнички ќе им бидат потребни пари за да преживеат. Разликата помеѓу богатите и сиромашните дополнително ќе се зголеми. Исто така кризата ќе ја почувствуваат и навивачите бидејќи завршницата на сезоната ќе се случи зад затворени врати“, рекол Зајдел.
„Многу спонзори ќе ги откажат уплатите, нема да има приходи од ТВ-правата и од влезниците. Ќе падне вредноста на сите играчи. Очекувам дека цените ќе паднат за 10 до 30 отсто“.
Зајлдер смета дека сепак не треба на целата ситуација да се гледа со многу песимизам, смета дека за неколку години сѐ ќе биде како претходно.