Top Sport

Реал подготвиле трејд – Јовиќ и пари за Халанд

Реал Мадрид во претстојниот преоден рок, кога тој и да започне, има во план да им предложи трејд на Борусија Дортмунд.

„АС“ тврди дека Реал смислиле како да го донесат Ерлинг Халанд на „Сантијаго Бернабеу“. Покрај паричниот износ Реал биле подготвени да го испрата во Дортмунд Лука Јовиќ.

Српскиот репрезентативец минатото лето токму од Бундеслигата се пресели во Ла Лига, меѓутоа не успеа да ги оправда 60 милиони евра што во него ги вложија челниците на Реал.

Минатото лето за Јовиќ покрај Реал и Борусија се интересираа и ПСЖ, Барселона и Манчестер сити. Поради силната конкуренција „милионерите“ тогаш се повлекоа од трката.

Scroll to Top