Фановите на Реал Мадрид повторно знаат дека можат да сметаат на квалитетите на Кристијано Роналдо по епохалното враќање во форма, така што дури и неговата мајка, Долорес Авеиро сакаше да ги „замолчи“ критичарите кои тврделе дека тој треба да се пензионира на 33 години.
Португалскиот напаѓач има 21 гол во 13 меча, за да остане во игра за најдобар стрелец во Шпанија (наградата Пичичи) со Луис Суарез и Лионел Меси.
Мајката Роналдо реши да одговори на критичарите со интересен пост на Инстаграм.
„Сега нека кажат дека Кристијано треба да се повлече на 33 години“, напиша мама Роналдо.