Top Sport

Се фатија за гуша Џенг и Грин (Видео)

Изминатата ноќ напнато беше на теренот во Минеаполис, каде Хјустон славеше над Минесота 129:120.

Двоцифрена разлика во текот на целиот натпревар имаче играчите на Хјустон, Минесота во еден момент во последниот период ја намали разликата на пет поени, но Харден е друштвото не дозволија целосен пресврт.

Во последната четвртина се случи инцидент кога Крис Кол го фаулира домашниот центар Горџи Џенг. Играчот на Минесота потоа го турна противникот кој заврши на паркетот, а потоа Џералд Грин го турна Џенг во првиот ред. Поголем инцидент спречија играчите на двата тима.

Сличен инцидент помеѓу овие тимови имаше и на натпреварот што се одигра пред нешто повеќе од два месеци. Тогаш Арон Афлало од Хјустон се обиде физички да се пресмета со Србинот од Минесота Немања Бјелица.

Scroll to Top