Голманот на Грузија, Горги Мамардашвили го одигра најдобриот индивидуален натпревар во досегашниот тек од Европското првенство во Германија. Мамардашвили беше најзаслужен за нерешениот резултата на Грузија против Чешка (1:1).
Според „Софаскор“ тој е најдобро оценет играч на ЕУРО, а пред него најдобри беа Џошуа Кимих и Фабијан Руиз со 8,9.
Мамардашвили забележа 11 одбрани, осум во првото полувреме. Фати пет високи топки, три пати успешно реши опасни ситуации пред својот гол.
Доби и два дуела, а особено импресивен е податокот дека одбрани шест удари кои беа упатени од шеснаесетникот. Поради сето ова тој заработи оценка 9,7.
Мамардашвили моментално игра за Валенсија, а според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 35 милиони долари. Тој има договор со неа до летото 2027 година.
Извесно е дека Валенсија ќе го продаде грузискиот голман, поради што и го ангажираше Столе Димитиревски. Некои извори од Шпанија тврдат дека по Грузиецот ќе тргне Атлетико Мадрид, доколку во преодниот рок го продаде Јан Облак.