Хрватските медиуми тврдат дека поранешниот македонски репрезентативец и екстренер на Вардар, Гоце Седлоски ќе биде новиот тренер на Б-тимот (јуниорскиот состав) на Динамо Загреб, откако како прв тренер ќе биде промовиран досегашниот тренер Игор Јовичевиќ.
Седлоски останува еден од најдобрите странци-стрелци во историјата на хрватската лига, откако од 1996 до 1998 година играше во Хајдук, а по краткиот престој во Шефилд венсдеј, од 1999 година до 2006 беше фудбалер на „модрите“, а подоцна и капитен на клубот. Тој со Динамо освои три хрватски титули и три купа, а во 191 меч постигна 35 голови.
Седлоски досега работеше во Босна и Херцеговина како тренер на Широки Бријег, клуб во сопственост на контроверзниот газда Здравко Мамиќ, кој го препорачал за работата во Загреб.