Top Sport

Мамиќ ја презема Олимпија Љубљана

Некогаш првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, во наредниот период ќе ја преземе Олимпија од Љубљана, тврдат хрватските медиуми.

Според истите извори Мамиќ постигнал договор со Милан Мандариќ околу преземањето на клубот, а наскоро зделката ќе добиела и официјална потврда.

Мамиќ клубот од Љубљана ќе го преземел со партнери од Италија и намерата му била да ја смени целата управувачка структура во клубот.

Контроверзниот бизнисмен тука нема да застане, тој планирал да стане сопственик на уште еден клуб од Словенија, Брежице 1919. Овој клуб треба да биде филијала на Олимпија каде би се развивале младите играчи.

Инаку, Мамиќ се наоѓа во бегство во Босна и Херцеговина.

Минатата година, Мамиќ од хрватските власти беше осуден на шест и пол години затвор бидејќи незаконски со своите соработници, меѓу кои и неговиот брат Зоран, од Динамо извлекол 16 милиони евра од Динамо Загреб.

Scroll to Top