Top Sport

Камерунците го отпуштија Седорф

Фудбалскиот сојуз на Камерун соопшти дека Кларенс Седорф повече не е селектор на националниот тим на оваа земја.

Седорф и неговиот помошник Патрик Клајверт добија отказ по неуспешниот настап на Камерун на Купот на Африка.

Камерун на првенството на Африка не успеа да ја одбрани титулата. „Лавовите“ испаднаа во осмина-финалето од Нигерија.

Седорф стана селектор на Камерум во август минатата година кога потпиша четири годишен договор.

Scroll to Top