Здравко Мамиќ, поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, денеска на прес конференција во Меѓугорје, БиХ, одговарал на прашањата на навивачите. Контроверзниот бизнисмен, се наоѓа во бегство бидејќи во Хрватска е осуден на шест и пол години затвор, поради финансиски малверзации во Динамо.
Едно од прашањата се однесувало и на Лука Модриќ, за кого се очекува вечерва во Париз да ја прекина десетгодишната доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси и да ја освои „Златната топка на Франс фудбал.
„Кога Лука Модриќ ќе ја добие наградата во Париз, тој треба да каже: ‘им благодарам на родителите, семејството и на човекот кој направи најмногу за мојот развој’. Заслужув да сите да ми кажат: ‘му благодариме на творецот на ова чудо на хрватскиот фудбал“, рекол Мамиќ.
Инаку, Здравко Мамиќ најзаслужен што Модриќ пристигнал во младинската школа на Динамо, а потоа бил „виновникот“ за неговиот трансфер во Тотенхем.