Top Sport

Англија-Холандија и Португалија-Швајцарија во полуфиналето на Лигата на нации

Англија ќе се судри со „обновената“ Холандија во полуфиналето на Лигата на нации на 6 јуни во Гимараеш, Португалија, додека во второто полуфинале, еден ден порано ќе играат Португалија и Швајцарија во Порто.

Финалето на најновото натпреварување на УЕФА ќе се одржи на 9 јуни, а мечот за трето место истиот ден, а шампионот ќе добие 6.67 милиони фунти за титулата.

Англија стигна до финалето со прво место во групата со Хрватска и Шпанија, додека Холандија ги помина светскиот шампион Франција и Германија за влез на Фајнал фор турнирот.

Швајцарија со 5:2 ја победи Белгија во последниот меч и ја помина во својата група, додека европските шампиони Португалија влегоа во полуфиналето лесно поминувајќи ги Полска и Италија.

Scroll to Top