Top Sport

Mamma Mia: Слушнете како звучи коментаторот на Рома (Видео)

Цела ноќ низ градските улици и плоштади навивачите на Рома ја славеа победата над Барселона и пласманот во полу-финалето во Лигата на шампионите.

Лудо синоќа беше во Рим и на коментаторските позиции каде легендарниот коментатор Карло Запма исто така „одигра“ натпревар за паметење.

Запа е роден во Рим, голем е навивач на Рома, поради што е разбирливо дека со многу меоции го доживеал секој гол на „волчицата“ особено клучниот на Манолас.

Инаку, Запма еден период бил официјален спикер на „Олимпико“, а отказ добил во 2004 година, по дербито со Јувентус, бидејќи во најавата на составите не сакал да ги прочита имињата на „предавниците“ Џонатан Зебина, Емерсон и Фабио Капело.

Scroll to Top